
Албанскиот претседател Илир Мета, доцна синоќа, преку објава на Фејсбук, ги осуди „нападите врз косовската полиција во Зубин Поток“.
„Најостро ги осудувам насилните и вооружени напади врз косовските полициски претставници во Зубин Поток. Имам целосна доверба дека институциите за спроведување на законот на Република Косово наскоро ќе ги расветлат овие кукавички дела и ќе ги изведат сторителите пред лицето на правдата“, напиша Мета.
Тој преку објавата упатува апел до косовските авторитети да избегнуваат провокации и влошување на состојбата.
„Апелирам да се избегнува каква било провокација и ескалација на тензиите, кои ја поткопуваат безбедноста на Косово, мирот и стабилноста во регионот“, напиша Мета.