Американската професионална фудбалска лига (МЛС) ги објави имињата на номинираните фудбалери во изборот за најдобар играч во 2024 година.

На списокот има 34 имиња. Прв фаворит секако е Лионел Меси, членот на Интер Мајами. Славниот Аргентинец оваа година одигра 18 натпревари и постигна 17 гола со 15 асистенции.

Меѓу кандидатите се и други познати играчи, Уругваецот Луис Суарез, Белгиецот Кристијан Бентеке од Ди-си јунајтед.

Че бидат поделени и други награди. Најдобар тренер, дебитант, млад играч, голман. повратник, судија, гол…

Луис Суарез е меѓу кандидатите за најдобар дебитант на сезоната заедно со познатиот француски голман Уго Лорис, кој исто така е номиниран за голман на годината

Гласањето ќе трае до 21 октомври.

Текстот Меси, Суарез, Бентеке… во конкуренција за играч на сезоната во МЛС е превземен од МАКФАКС.