Интер Мајами би можел да биде без Лионел Меси во првиот натпревар од осминафиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Интер Мајами во првиот натпревар ќе играат на гости кај Канзас Сити.
Како што пренесуваат американските медиуми, големи се шансите Меси да не игра на тој меч, а причината е што температурата во тој град ќе биде -15 Целзиусови степени, а наводно се чувствува како да е -25.
Затоа Меси не сака да биде на теренот, но има минимални шанси да се предомисли.
Исто така, како што објави новинарот кој го води подкастот на Интер Мајами, според негови извори, клубот бара одложување на натпреварот.
Текстот Меси одби да игра во Лигата на шампионите поради -15 е превземен од МАКФАКС.