Најдобриот фудбалер за оваа година Лионел Меси, пред неколку дена ја освои рекордната седма „Златна топка“ во својата кариера
„Секогаш сакам да се натпреварувам со себе без да гледам што прават другите. Со Кристијано играв во иста лига со години. Мислам дека тоа беше одлично и ни помогна да постигнеме подобра кариера. Сакам да бидам свој и да се подобрувам себеси без да сакам да се натпреварувам со другите. За мене е повеќе од доволно да ме сметаат за еден од најдобрите во историјата. Тоа е нешто за што никогаш не сонував“, вели 34-годишникот од Буенос Аирес.