Шпанска „Марка“ го награди Лионел Меси како играч со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот (56).
По тој повод, Шпанците накратко разговараа со легендарниот Аргентинец, кој од летото 2023 година настапува за Интер Мајами.
„Што ми остана во фудбалот? Фала му на Бога, можам да кажам дека ги исполнив сите мои соништа. Мојот најголем сон беше да го освојам Светското првенство. Освоив се за клубот на мојот живот, Барселона, а исто така освои трофеи и со ПСЖ не можам да барам ништо повеќе“, изјави Меси, осврнувајќи се на можноста да игра на Светското првенство во 2026 година, кога ќе има 39 години.
„Сè се случува со причина во животот. Се трудам да уживам од ден на ден. Кога ќе дојде време, ќе видиме, не сакам да го забрзувам времето. Сега се чувствувам многу добро и се надевам дека ќе продолжи така, па ќе видиме, нема да објавам ништо, одам ден по ден“.
Текстот Меси: Ги исполнив сите мои соништа е превземен од МАКФАКС.