Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денес дека се очекува војната во Украина да се одолговлекува поради неподготвеноста на Русија да започне преговори.
„Војните обично завршуваат поради економска или воена исцрпеност на едната или на двете страни, а во оваа војна очигледно сме сè уште далеку од тоа“, рече Мерц на заедничката прес-конференција со финскиот премиер Петери Орп во финскиот град Турку.
Тој додаде дека Европа можеби ќе мора да се подготви за подолго траење на војната, пренесува Ројтерс.
Мерц, за време на престојот во Литванија минатата недела, рече дека преговорите меѓу Русија и Украина се „сè уште во рана фаза“ и би можеле да траат со месеци.
Текстот Мерц: Војната во Украина ќе потрае затоа што Русија одбива да започне преговори е превземен од МАКФАКС.