Јакуб Меншик го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Мајами со 7:6, 7:6. 19-годишниот Чех ја освои најголемата титула во кариерата и во исто време го спречи Ѓоковиќ да го подигне 100. трофеј во кариерата.

Меншик кој не крие дека Ѓоковиеќ е негов идол, е вториот тенисер кој не бил меѓу најдобрите 50, а успеал да го победи Србинот во финале на еден турнир.

Пред него тоа му успеа само на Стен Вавринка (69) во 2006 година во мечот за трофеј во Умаг.

„Новак, сите знаат дека ти си причината поради која сум тука. Те гледав додека растев. Почнав да играм тенис поради тебе. Нема потешка задача за тенисер од тоа да те победи во финален меч. Ти благодарам за се што направи за овој спорт и за секој од нас. Ти си неверојатна личност – најдобар на сите времиња”, рече Меншик.

Јакуб Меншик стана првиот играч од воведувањето на овој формат во 1990 година кој ја освоил Мастерс титулата со освојување на седум или повеќе тајбрејкови во текот на турнирот. Тој, исто така, стана вториот играч, по Мајкл Ченг (Торонто 1990), кој е надвор од Топ 20, а успеал да освои Мастерс титула.

Како 54-ти тенисер во светот стана најслабо рангираниот кој триумфирал во Мајами.

Меншик, по победата во Мајами, скокна 30 позиции и сега е 24. тенисер во светот на најновата АТП ранг листа.

Текстот Меншик урна неколку рекорди па му порача на Ѓоковиќ: Почнав да играм тенис поради тебе, ти си најдобриот во историјата е превземен од МАКФАКС.