Реал Мадрид успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите по подоброто изведување на пенали против Атлетико Мадрид, но остана без уште еден дефанзивец.

Во 83. минута од натпреварот Ферланд Менди се здоби со повреда на тетивата. Веднаш беше јасно дека ќе мора да ја напушти играта, бидејќи падна на тревата и веднаш побара лекарска помош.

Лекарски прегледи утврдија дека Менди ќе мора на принудна пауза. Според прогнозите ќе отсуствува до три недели.

Покрај Менди, во Реал подолго време се повредени и Дани Карвахал и Едер Милитао, а од повредата неодамна се опорави Давид Алаба.

Текстот Менди ќе отсуствува до три недели е превземен од МАКФАКС.