Премиерката на Италија, Џорџа Мелони денеска најави инвестициски фонд од една милијарда евра наменети за проекти за вештачката интелигенција (АИ), при тоа апелирајќи на „правилата на етиката“ при користењето на таа технологија.
Таа на Конгресот за вештачка интелигенција во Рим наведе дека инвестицискиот фонд, кој ќе вклучува и нови ресурси и постоечки фондови, има за цел да привлече нови инвестиции со цел да се создаде „италијански пат на развој на вештачката интелигенција“.
Мелони посочи дека Италија на националните регулативи, комплементарни на европското законодавство, со цел да се воспостават принципи и да се најдат начини за промовирање на развојот на националните проекти за вештачка интелигенција.
– Тоа е технологија, што може да го ослободи сиот свој позитивен потенцијал само доколку нејзиниот развој се одвива во рамките на низа етички правила, посочи Мелони.
Извор: МИА