Клуб Леон од Мексико е исфрлен од Светското клупско првенство кое летово првпат ќе се одржи во нов формат.

Комисијата за жалби на ФИФА ја донесе оваа одлука откако ги разгледа дисциплинските постапки против мексиканските тимови Пачука и Клуб Леон.

Утврдено е дека овие клубови ги прекршиле пропишаните правила за сопственост на повеќе клубови.

Поради ова, ФИФА одлучи да го суспендира учеството на клубот чиј најпознат играч е Хамес Еодригез, поранешен член на Реал Мадрид и колумбиската репрезентација.

Светското клупско првенство ќе се игра од 14 јуни до 13 јули во САД. Ќе учествуваат 32 клуба, а подоцна ќе биде објавено кој ќе го замени Клуб Леон.

Текстот Мексикански клуб исфрлен од Светското клупско првенство, прекршени се правилата за сопственост на повеќе клубови е превземен од МАКФАКС.