Лисјата на античкото зимзелено растение кое расте низ целиот Медитеран се богати со разни минерали (калиум, бакар, манган, калциум, железо, цинк, магнезиум, селен) и витамини од групата Б кои се важни за метаболизмот, хормоналната рамнотежа и нормалното функционирање на нервите и мускулите.
Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и ревматизам, како и нервоза и несоница.
Есенцијалното масло од ловор е одлично за инхалации, а исто така е многу корисно за дезинфекција на областа во текот на сезоната на студ и вируси.
Чајот и сирупот од ловоров лист се препорачува за зајакнување на имунитетот, расчистување на дишните патишта и олеснување на кашлицата, болки во грлото и бронхитис.
Чај од ловоров лист
Исечете 3 свежи или суви ловорови лисја на помали парчиња или исечкајте ги ситно, а потоа прелијте ги со 2,5 дл вода и варете ги 10 минути.
Тргнете го од оган и оставете го покриен 10 минути, а потоа процедете го.
Кога малку ќе се олади, додадете лажица сок од лимон и 1-2 лажици домашен мед. Пијте 2-3 чаши чај на ден.
Ловоров сируп
Подгответе 6 свежи или 8 суви ловорови лисја, 2,5 дл вода, 6 лажици кафеав шеќер или мед, сок од 1 лимон.
Водата зовријте ја, и кога ќе зоврие, додадете ги ловоровите лисја и варете ја покриена 6-10 минути. Извадете го ловоровиот лист и истурете ја течноста во друг сад.
Додадете кафеав шеќер (или мед) и исцедете го лимонот. Измешајте сè добро додека шеќерот (или медот) не се раствори целосно.
Земете 1-3 лажички сируп дневно (може да се земе ладно или топло).
Ловоровиот сируп чувајте го во фрижидер, во стаклено шише. Така може да стои неколку дена, а потоа направете нов по потреба.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.