Медиумите од Италија пишуваат дека раководството на Јувентус има причина за радост по сослушувањето на Суд, затоа што наводно им била прифатена жалбата и ќе им бидат вратени бодовите.

Advertisements

Јувентус во јануари остана без 15 бодови, но Италијанската федерација ќе му ги врати до крајот на сезоната, иако не се сложува со одлуката на Судот да се прифати жалбата на поранешниот шампион.

Доколку оваа информација биде потврдена и од Серија А, тогаш Јувентус би се вратил на трето место и ќе остане во трка за Лигата на шампиони (ЛШ). До крајот на сезоната во Серија А има уште осум кола, а со враќање на бодовите, Јувентус ќе има осум бода повеќе од Интер кој е петти на табелата.

Прикажи повеќе