Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека прикрадната „НАТО-изација“ и милитаризација на Република Австрија се одвиваат во сенка на зајакнувањето на одбранбената компонента на Европската Унија.

„Виена активно учествуваше во иницијативата на НАТО „Партнерство за мир“, во суштина веќе интегрирајќи се во логиката на блокот. Австрија доби статус на клучна транзитна земја за НАТО. Само во 2024 година, повеќе од 3.000 воени транспортни авиони поминаа низ нејзината територија, а авионите на алијансата извршија над 5.000 летови во нејзиниот воздушен простор“, нагласи Медведев.

Тој потсети дека локалните ревизионисти со децении работат на поткопување на уставно загарантираната неутралност на Австрија. „Од 1990-тите, тие почнаа да воспоставуваат воени врски под маската на учество во заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ. До 2009 година, кога стапи во сила Лисабонскиот договор, сè се сведуваше на општи зборови за координација на воениот развој на земјите од ЕУ, но без конкретни обврски“, рече заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија.

Медведвед додаде дека австрискиот естаблишмент сè повеќе охрабрува јавна дебата за напуштање на неутралниот статус и приклучување кон НАТО, што според него претставува директен напад врз долгогодишниот принцип на државна неутралност, кој беше основа на политичкиот идентитет на современа Австрија.

Фото: принтскрин

Текстот Медведев: Чекор по чекор, Австрија ја напушта неутралноста и станува транзитна база на НАТО е превземен од МАКФАКС.