Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев се закани со војна против НАТО доколку европските земји продолжат да инсистираат на своите планови за испраќање мировни сили во Украина.

„Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ‘се прават глупави’, напиша Медведев на Икс, кој е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.

„Постојано им се кажува дека мировниците мора да бидат од земји кои не се членки на НАТО“, напиша тој. „Сакате да им дадете воена помош на неонацистите во Киев. Тоа значи војна со НАТО. Консултирајте се со Трамп“, додаде тој.

Текстот Медведев се заканува со војна со НАТО: Консултирајте се со Трамп е превземен од МАКФАКС.