Рускиот тенисер Данил Медведев далеку полесно од очекуваното го победи Александар Зверев во полуфиналето на АТП турнирот во Париз. Вториот светски рекет двапати со по 6-2, за само час и 20 минути го декласира ривалот во полуфиналето.
Со оваа победа Медведев закажа финале против Новак Ѓоковиќ кој претходно денес го победи Хуркач.
Иако Русинот е во налет и со сигурност ќе пружи одлична партија против Ноле, сепак со пласманот во финалето на српскиот ас стави крај на прашањето околу првото место на АТП ранкингот.
Финалето меѓу Ѓоковиќ и Медведев ќе се одигра утре со почеток од 15:00 часот.