Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека Киев може да употреби валкана бомба да ги нападне сопствените градови и да ја обвини Русија за тоа.
Медведев рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски може да употреби секакви средства, вклучително и оружје за масовно уништување, и да ја префрли вината на некој друг, пренесе ТАСС.
„Тие дури се и подготвени да ги нападнат сопствените градови и сопствените цивили и да користат оружје за масовно уништување, како што е валканата бомба“, напиша Медведев на платформата за социјалните мрежи „В контакте“.
Владимир Зеленски ќе биде подготвен на секаква провокација за да го спречи решавањето на украинскиот конфликт и да ја продолжи војната до последниот Украинец, изјави ексшефот на руската држава и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.
Текстот Медведев: Киев може да употреби валкана бомба врз своите градови и да ја обвини Русија е превземен од МАКФАКС.