Американската водителка и новинарка Мегин Кели јавно ја критикуваше Блејк Лајвли на гала вечерта „Тајм100“, откако актерката беше прогласена за една од „највлијателните луѓе на годината“ од списанието „Тајм“.

„Тоа е смешна шега“, изјави водителката за „Дејли меил“ на црвениот тепих од настанот во Њујорк во четвртокот навечер. „Таа не треба да биде тука. Таа нема никакво влијание врз ништо“, додаде таа.

Кели, исто така, рече дека Лајвли „изнесе лажно обвинение за MeToo“ против Џастин Балдони, режисерот и ко-ѕвездата на „It Ends With Us“.

„Затоа таа денес се кае затоа што речиси сите нејзини обвинувања се распаѓаат“, додаде водителката. „Фактот дека таа сега е славена затоа што се обидела да уништи нечиј живот без никаква основа – тоа е скандал. Јасно е дека „Тајм“ бара големи ѕвезди за да го продаваат списанието, но тоа е сосема погрешно“, рече таа.

Новинарката се пошегува дека копнеела по селфи со Лајвли и Меган Маркл, бидејќи двете „ѝ обезбедиле часови и часови содржина“ за нејзината емисија „Шоуто на Мегин Кели“. „Имам чувство дека Лајвли ќе ме избегнува. Јас нема да избегнувам никого. Во ред сум со тоа“, рече таа.

Лајвли се појави на црвениот тепих во фустан со отворени рамена од дизајнерот Зухаир Мурад. Таа дојде на настанот придружувана од нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, кој зборуваше на самитот „Тајм100“ претходниот ден. Актерката беше именувана на престижната листа претходно овој месец како „филантроп и личност која се занимава со најсложените социјални прашања во САД“.

И покрај ова, Лајвли се соочи со бран критики на интернет за добивањето на признанието во средината на правна битка со Балдони. Иако судењето е закажано да започне во март 2026 година, некои веќе зазедоа страна. „Блејк Лајвли не е „влијателна“ – таа е манипулативна и злобна“, „Само во Холивуд лажењето може да ве стави на листата „највлијателни““, се само дел од коментарите.

Лајвли поднесе тужба против Балдони во декември 2024 година, обвинувајќи го за сексуално вознемирување на снимањето. Таа, исто така, тврди дека Балдони и неговиот тим започнале кампања за клевета со цел да го уништат нејзиниот углед. Балдони ги негираше обвинувањата, а потоа поднесе контратужба од 400 милиони долари против Лајвли, Рејнолдс и нивната портпаролка Лесли Слоун, обвинувајќи ги за клевета и уцена.

Текстот Мегин Кели остро ја нападна Блејк Лајвли на гала-вечерта „Тајм 100“: „Таа не требаше да биде тука“ е превземен од МАКФАКС.