Војвотката од Сасекс, која заедно со принцот Хари се повлече од кралските должности и реши да живее подалеку од медиумското внимание, сè почесто споделува моменти со децата со своите следбеници откако го отвори новиот профил на Инстаграм.

Маркл објави нова фотографија на која се гледаат таа и децата во градината. На фотографијата Меган во раце ја држи тригодишната Лилибет, додека Арчи, кој наскоро ќе наполни шест години, ја држи ногата на мајка си.

View this post on Instagram

A post shared by @aseverofficial

„Секој ден е нова љубовна приказна“, напиша Маркл покрај објавата.

Иако не им се гледаат лицата, на фотографијата јасно се открива дека бојата на косата ја наследиле од татко им.

Текстот Меган Маркл објави фотографија со децата: „Секој ден е нова љубовна приказна“ е превземен од МАКФАКС.