Франција ја забележа и четвртата последователна победа во квалификациите за Европското првенство во 2024, победувајќи ја Грција со 1:0 во тежок меч. Единствениот гол за „триколорите“ го постигна Килијан Мбапе во 55. минута, и тоа со повторен удар од белата точка, што беше доволно за три бода.
Ова беше 55. гол во сезоната (која официјално завршува на 30 јуни) за Килијан Мбапе, со што постави рекорд за еден француски фудбалер. Тимот на Дидие Дешам не успеа да додаде уште еден гол, и покрај тоа што Грците играа со играч помалку по црвениот картон на Мавропанос во 70. минута.