Капитенот на француската репрезентација Килијан Мбапе се врати во националниот тим по шестмесечно отсуство. Мбапе откри и кого сак да го види на местото на Дешам, кога тој ќе ја напушти функцијата по Мундијалот во 2026 година.
Актуелниот селектор е на чело на националниот тим од 2012 година, а речиси сите Французи би се согласиле дека тој го вратил идентитетот на националниот тим и го сместил на местото кое многумина веруваат дека го заслужува, на самиот врв на светскиот фудбал.
Ѕвездата на Реал Мадрид не играше во синиот дрес од септември минатата година, но откако ги надмина несогласувањата со селекторот се врати во репрезентацијата, со цел да и помогне да го освои трофејот во Лигата на нации.
Во интервју за телевизијата „ТФ1“, поранешниот играч на ПСЖ откри дека би бил воодушевен доколку еден човек го наследи Дешам.
„Би било големо задоволство да дојде Зинедин Зидан. Би бил исклучително среќен, но тоа не е моја одлука. Не морам да ја докажувам мојата љубов кон него, но го почитувам тренерот кој се уште е тука“, рече Мбапе, нагласувајќи дека отсекогаш го гледал Зидан како идол.
Текстот Мбапе се смири со Дешам е превземен од МАКФАКС.