
„Светците“ ја обезбедија рекордната 11. шампионска титула во претпоследното коло, а она што клубот од Париз го очекува меѓу две сезони е реновирање на тимот.
На Лионел Меси му истекува договорот и најверојатно ќе замине, а истото може да го направи и Нејмар.
„Многу сум среќен во ПСЖ и мило ми е што решив да бидам дел од тој проект. Тука ќе играм следната сезона“, изјави Мбапе.
Францускиот интернационалец не ја активираше опцијата за продолжување на договорот за сезоната 2024/25. што ќе му овозможи да биде слободен играч во летото 2024 година. Мбапе, оваа сезона постигна 38 гола со девет асистенции на 40 натпревари во сите натпреварувања.