Килијан Мбапе прекина два поста. Со гол во победата на Реал против Џирона (3:0), го прекина голгетерскиот пост, а со интервјуто за „Канал+“ го прекина медиумскиот молк.
Мбапе во изминатиот период беше под многу критики поради лошите игри и нереализираните пенали против Ливерпул и Атлетик Билбао.
„Луѓето зборуваат за мене? Проблемот кога си ѕвезда е што луѓето зборуваат за тебе. Секој ден има приказни, но јас не сум разговарал со никого и затоа сега зборувам со вас. Во одреден момент треба да зборувате. Луѓето мора да ве разберат“.
Мбапе не ги разбира луѓето кои ги тераат своите деца да станат ѕвезди: „Кога ќе видам како снимаат видеа од „Проект Мбапе“ со 8-годишни деца, сакам да викам: „Стоп! Доста е. Родителите треба да им дозволат на своите деца да се забавуваат. Моите така се однесуваа со мене. Ако му кажете на вашето момче да направи 18 круга околу теренот, нема да ви го промени животот“.
Мбапе конечно летово се пресели во Реал откако неколку години преговараше со „кралскиот клуб“. Сега откри дека можел да го продолжи договорот со ПСЖ поради неговиот брат Итан:
„Тоа најмногу ме погоди. Неговиот Реал Мадрид беше ПСЖ. И индиректно јас му го одзедов тоа. Му ми кажав дека не сакам да останам, дека не е нормално она што ми го прават. Му реков: ако сакаш да останеш, ќе го продолжам договорот и ќе останеме уште некое време. Би се откажал од мојот сон од Реал Мадрид за него. Итан ми е брат. Која е поентата да потпишеш за најдобриот клуб во светот ако тоа ќе му ја уништи кариерата на брат ти?“
Вака го опиша своето доаѓање во Реал: „Секогаш сонував за Реал. Секогаш. Знаев дека ќе играм таму. Ден пред презентацијата имаше тричасовен брифинг, морав да преведувам за мама и тато. Тоа беше исцрпувачки. Следниот ден отидовме на Бернабеу. Зизу беше таму и толпата ме пречека како крал иако не направив ништо за нив. Беше неверојатно, навистина. Убеден сум дека ќе успеам во Реал“.
Асот на Реал проговори и за тема која предизвикува полемики во неговата татковина. Требаше ли да стане капитен на француската репрезентација?
„Гризман беше легитимен кандидат. Селекторот ми рече: „Дали би сакал да бидеш капитен?“ Тоа би ми било чест. Немаше да направам ништо да не ми понудеше. Сепак, не е лесно ме нарекоа мајмун, ме обвинуваа за неуспесите. Секогаш сум давал се од себе за француската репрезентација“.
Мбапе првпат проговори и за конфликтот со селекторот Дидие Дешамп.
„Нема ништо поважно од репрезентацијата. Сепак, во септември му кажав на тренерот дека не сум во најдобра состојба, сменив клуб и немав слободни денови Тој инсистираше да одам на одмор. Во октомври бев повреден, а заноември не можам ништо да кажам, тоа беше одлука на селекторот. Јас сакав да играм за Франција, но селекторот не ме повика. Жал ми е, не можам да ви кажам зошто. Ако селекторот сака, може да каже. Но, јас не смеам“.
На крајот, Мбапе одговори на критиките кои постојано ги добива: „Луѓето мислат дека сме роботи. Ние сме луѓе како и сите други“.
Текстот Мбапе: Не смеам да кажам зошто не добив повик од селекторот е превземен од МАКФАКС.