Килијан Мбапе, минатото лето се пресели од ПСЖ во Реал. Првиот човек на Реал, Флорентино Перез долго време го убедуваше фудбалерот дека Мадрид е вистинскиот град за него. На крајот успеа не само да го добие потписот на Мбббапе, туки и да не плати обесштетување.

Реал не му плати ништо на ПСЖ бидејќи договорот на Мбапе беше истечен, но издвои значителна сума за потписот на напаѓачот.

Нвинарот на „Ел Чирингито“, Маркал Љоренте тврди дека Французинот од клубот добил неверојатен бонус.

„Клубот му плати на Килијан Мбапе 117 милиони евра како бонус за потписот на договорот“, изјави Љоренте.

Меѓутоа, Љоренте набрзо беше демантиран од друг новинар, Нуно Антон.

„Оваа бројка е навистина блиску до бонусот што го доби, но деветката на Реал Мадрид не ги доби веднаш сите пари, туку ќе го добива на рати се додека е во клубот“.

Текстот Мбапе добил нестварна сума како бонус за потпис на договорот е превземен од МАКФАКС.