Иако има мал број на порази во кариерата, големиот Мајк Тајсон за најтежок ривал во рингот одбра боксер кој на крај успеа да го победи.
Поранешниот неприкосновен светски шампион во бокс во тешка категорија (50 победи и 6 порази) за свој најтежок противник во кариерата го смета поранешниот шампион на ВБЦ и ИБО, Пинклон Томас (43-7).
„Мислам дека Пинклон Томас беше мојот најтежок противник. Никогаш не би рекол дека ми беше најтежок противник, но пред две години гледав снимка од нашата борба, мојот пријател ме советуваше да ја гледам. Го совладав, но добив седумнаесет силни удари во глава“, изјави Тајсон.
„Челичниот“ Мајк го победи Томас со технички нокаут во шестата рунда. Борбата се случи на 30 мај 1987 година во Лас Вегас.