Три деца загинаа во страотниот пожар што синоќа избувна во ромската населба Куршанец кај Чаковец. Мајката и најмалото дете успеале да побегнат. Мештаните се потресени.
„Куќата изгоре, трите деца загинаа. Се изгоре. За жал, немаше спас. Пожарникарите дојдоа брзо, брзата помош и полицијата. За жал, сè изгоре брзо, пожарникарите не можеа да направат ништо повеќе“, изјави за весникот „Меѓимурје“, Матјаш Дидо Оршуш, претседател на ромската заедница во Меѓумурје.
„Скокаа низ прозорците. Спиеја кога тоа се случи. Мајката успеа да спаси едно дете. Во близина немаше хидрант и на тоа предупредуваме со години. Немаше ниту струја, вода”, додал тој.
Еден од шокираните жители кој синоќа се нашол на местото на пожарот за 24 часа изјавил дека децата биле на вториот кат, каде имало дрвени скали.
„Ова е голема трагедија, страшна. Утрово сè беше обвиено во црно. На таа улица нема хидрант, дојдоа пожарникарите, но немаше многу да се спаси“, рече тој.
Меѓимурскиот жупан Матија Посавец беше меѓу првите кои упатија сочувство.
„Не паметиме ваква трагедија во Меѓумурје. Длабоко сум потресен и се надевам дека родителите ќе најдат внатрешна сила да ја надминат неизмерната болка“, изјавил тој.
Текстот Мајка со најмалото дете успеала да побегне од пожарот во Чаковец, скокнале низ прозорец: „Нема хидрант во улицата“ е превземен од МАКФАКС.