20-годишна мајка се обидела да го задуши своето осуммесечно бебе со перница во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука. Мајката била уапсена, а бебето, кое претходно имало здравствени проблеми, било спасено во последен момент.
Кликс.ба неофицијално дознава дека дваесетгодишната девојка имала психички проблеми.
„Вршителот на должноста обвинител на Окружното јавно обвинителство во Бања Лука, по сослушувањето на осомничената В. П., родена во 2005 година, на 18.06.2025 година поднесе предлог за определување мерка притвор до Окружниот суд во Бања Лука, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело Тешко убиство во обид на штета на дете.
Обвинителот поднесе предлог за определување мерка притвор поради постоење на посебни околности што го оправдуваат стравот дека осомничената ќе го доврши обидот за кривично дело“, соопшти Окружното јавно обвинителство.
Судијата на Окружниот суд во Бања Лука ќе одлучи дали на 20-годишната девојка ќе ѝ биде одреден притвор.
Текстот Мајка се обидела да го задуши своето 8-месечно бебе со перница во болница во Бања Лука е превземен од МАКФАКС.