Жена од Приштина пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка била силувана од двајца непознати мажи, пишува „Газета експрес“.
Како што пренесува овој медиум на албански јазик, за овој случај е известен и обвинителот.
Во пријавата пишува дека на „31.12. жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била силувана од две непознати лица“.
Истрагата за овој случај е во тек, според написот во медиумот.
Текстот Мајка пријавила дека нејзината ќерка била силувана од двајца непознати мажи во Приштина е превземен од МАКФАКС.