Маж и жена се уапсени во белградското предградие Палилула под сомнение дека извршиле насилство врз седумгодишно девојче.

Нова.рс јавува дека надлежното обвинителство наредило С.Д.(24) и К.А.(36) да се задржат во притвор поради сомнение дека заедно извршиле семејно насилство. Наскоро ќе бидат слушнати, а српските медиуми утринава објавија дека тие се мајка и очув на малтретираното девојче.

Насилството го пријавила мајката, а кога полицијата пристигнала во нивната куќа го затекнала девојчето во многу лоша психичка и физичка состојба. Таа имала повреди по целото тело, од кои некои наводно биле предизвикани од гаснење цигари на нејзината кожа.

Родителите се уапсени на лице место, а детето е пренесено во Ургентниот центар во Белград каде и биле констатирани тешки физички повреди, по што е пренесено во Заводот за мајка и дете. Истрагата е во тек.

Текстот Мајка и очув во Србија малтретирале 7-годишно девојче, гаселе цигари врз неа е превземен од МАКФАКС.