Беверли Ајкинс, мајка на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, ја одбележа 10-годишнината од прекинот на употребата на алкохол и дрога на церемонија во Белата куќа. Опкружена со пријатели и семејство, таа го доби медалјонот.

Нејзината борба со зависноста од дрога и алкохол беше откриена во мемоарите на Венс и за време на потпретседателската дебата минатиот октомври. „Пораснав во работничко семејство. Воглавно ме одгледа баба ми бидејќи мајка ми се бореше со зависноста“, призна тогаш Венс.

Ајкинс пораснала во насилно домаќинство. Нејзините проблеми со зависноста започнале кога додека работела како медицинска сестра, земала лекови против болки за да ги ублажи главоболките. Подоцна почнала да зема хероин.

Нејзиното закрепнување започна во 2015 година. Откако извесно време живеела во нејзиниот автомобил, таа се преселила во клиника за рехабилитација.

Кога Венс ја прифати номинацијата за потпретседател, во својот говор рече: „Горд сум што можам да кажам дека вечерва мајка ми е тука, 10 години чиста и трезна. Те сакам, мамо. И знаеш, мамо, размислував. Официјално ќе бидат 10 години во јануари 2025 година, и ако претседателот Трамп се согласува, ќе организираме прослава во Белата куќа“.

Ајкинс моментално работи како медицинска сестра во центар за рехабилитација од дрога во Синсинати. Помладиот брат на Трамп, Фред Трамп, се бореше со алкохолизам пред неговата смрт на 42-годишна возраст. Трамп постојано нагласуваше дека цел живот избегнувал алкохол.

Текстот Мајката на Џеј Ди Венс во Белата куќа прослави 10 години без дрога и алкохол е превземен од МАКФАКС.