Матијас Гидсел заработи повреда во првата минута од „малото финале“ на ЕП 2022 во Будимпешта.
Деталните лекарски прегледи покажаа дека Матијас Гидсел, има скинати лигаменти на коленото на десната нога и ќе мора да отсуствува меѓу четири и шест месеци од ракометните терени.
Ова воедно е и неславен крај на неговата кариера во ГОГ Гудме, со оглед на фактот дека Гидсел веќе го договори летниот трансфер во редовите на бундеслигашот Фуксе Берлин.