Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, во понеделникот постигнал договор за купување на Twitter за 44 милијарди долари. Со овој договор социјалната мрежа Твитер е целосно под контрола на најбогатиот човек на светот. Претходно, извори изјавија за Ројтерс дека Твитер е подготвен да се согласи да биде продаден на Илон Маск за околу 43 милијарди долари во готовина, цена што извршниот директор на Тесла ја нарече „најдобра и последна понуда“. По вестите за разговорите, акциите на Твитер пораснаа за четири насто на отворањето на берзата во понеделникот.

Advertisements

„Се надевам дека моите најголеми критичари ќе останат на Твитер, бидејќи тоа значи слобода на говорот“, напиша Маск на Твитер пред официјалната потврда за купувањето.

Прикажи повеќе