Елон Маск го нарече американскиот систем за социјално осигурување најголемата пирамидална шема на сите времиња за време на неодамнешното интервју со подкастерот Џо Роган.

Маск истовремено спроведува масовни отпуштања во федералната администрација и блокира плаќања во неколку државни агенции.

„Луѓето плаќаат во системот за социјално осигурување и тие пари излегуваат од системот веднаш, но обврските кон корисниците траат во текот на нивното пензионирање“, рече Маск.

„Ако ги погледнете идните обврски на системот за социјално осигурување, тие далеку ги надминуваат даночните приходи“, продолжи Маск.

Патем, пирамидалната шема е финансиска шема во која учесниците заработуваат пари првенствено со регрутирање нови членови, наместо со продажба на производи или услуги. Оваа структура е неодржлива бидејќи бара постојан прилив на нови учесници, што на крајот доведува до колапс и загуби за повеќето учесници, освен за оние на врвот на пирамидата.

Многу социјални системи ширум светот функционираат така што сегашните работници ги финансираат пензиите на сегашните пензионери, вклучувајќи го и американскиот систем за социјално осигурување.

Текстот Маск: Американскиот систем за социјално осигурување е најголемата пирамидална шема на сите времиња е превземен од МАКФАКС.