Маж со маска на лицето провалил во зградата во која живее германскиот канцелар Олаф Шолц во Потсдам, објавија германските медиуми.

Advertisements

„Шпигел“ објави и фотографија од безбедносните камери на кои се гледа лице со маска, ракавици, светилка и качулка на главата како влегува во зградата.

Портпаролката на полицијата Беата Карделс за весникот „Билд“ изјави дека непознат маж се обидел да провали во стан околу 20:30 часот, но соседот го забележал и пријавил во полиција.

„Пристигнавме во рекордно време, но осомничениот избега“, рече Карделс додавајќи дека полицијата извршила увид.

Според неа, станува збор за обид за кражба, а полицијата го засилила своето присуство околу зградата и околните населби.

Медиумите пишуваат дека крадецот успеал да провали во еден од становите на семејството Шолц, но тогаш избегал со оглед дека го виделе соседите.

Според „Билд“, германскиот канцелар во тој период не бил во станот.