Марк Маркез ја продолжува доминацијата од почетокот на сезоната. Возачот на Дукати победи на трката за Големата награда на Катар пред изненадувањето Маверик Вињалес од КТМ и тимскиот колега Франческо Бањаја. Трлата во Катар ја обележаа глупостите што ги направи помладиот Маркез, Алекс и падот на актуелниот шампион Хорхе Мартин, кој потоа заврши на медицински испитувања.
Марк Маркез, осумкратен светски првак, на првите четири викенди во Мото ГП осовои четири пол-позиции, забележа четири победи во спринт трките и три во главните трки.
Маркез се мачеше на „Лусаил“, бидејќи беше сериозно предизвикан, но одговори на предизвикот и на крајот убедливо победи.
Франко Морбидели од тимот на Валентино Роси на стартото го презеде водството, откако Алекс удри во мотоциклот на својот брат Марк. Низ поредокот успешно се проби Вињалес, како и Бањаја кој стартуваше од 11. место.
Во четвртиот круг помладиот Маркез направи нова глупост, проба невозможен маневар, удри во Диџанантонио го исфрли од патеката во моментот кога Италијанецот беше четврти во поредокот.
Алекс доби казна „долг круг“, но на Диџа му ја упропасти трката.
Недолго потоа, Бањаја стигна до третото место, успеа да престигне Маркез, но во наредниот круг Марк си ја врати позицијата. Борбата на возачите на Дукати ја искористи Вњалес, се проби на второто место, а потоа на почетокот на 11. круг, тој и Макр Маркез го престигнаа Морбидели, а по два кривини истото го направи и Бањаја.
До крајот следуваше борбата за првото место, откако Бањаја се задоволи со реттата позиција. На осум круга до крајот Маркез ја искористи грешката на Вињалес се врати на првото место и тука остана до крајот.
Зад најдобрите тројца се пласираа Морбидели, Жоан Зарко, возачот на Гресини Фермин Алдегер, Алкес Маркез, Фабио Квартаро на Јамаха, Педро Акоста и Марко Бецеки.
Марк Маркез сега е на чело на генералниот поредок со 123 бода, 18 повеќе од неговиот помлад брат, додека Бањаја е трет со 93 бода.
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Шпанија во Херез од 25 до 27 април.
Текстот Маркез се мачеше но победи во Катар пред Вињалес и Бањаја е превземен од МАКФАКС.