„Сапуницата околу Дани Олмо заврши. Барселона успеа. Шпанскиот репрезентативец ќе биде успешно регистриран за продолжението на сезоната во Ла Лига. Џоан Лапорта успеа да продаде ВИП ложите на „Камп Ноу“ за 100 милиони евра и со тоа ќе ја убеди Ла Лига да му дозволи во понеделник ги регистрира Олмо и Пау Виктор“, објави „Марка“.

Во следните 20 години, најелитните места на стадионот наводно ќе ги поседува катарска компанија, а за тоа ќе платат 100 милиони евра.

Каталонски „Спорт„, тврди дека Барселона сакала да ја одложи зделката до наредното лето и на неа да заработи 200 милиони евра, но поради неможноста да го регистрираат Олмо решиле да го забрзаат процесот и да прифатат помала сума.

Претседателот Лапорта ја испрати целата документација до Ла Лига и се надева дека првиот човек на лигата Хавиер Тебас навреме ќе ја одобри.

Да потсетиме, Олмо во август пристигна во Барселона од Лајпциг за 55 милиони евра, со што се врати во клубот каде што беше капитен во младинските категории, пред да се пресели во Динамо Загреб, а потоа во Лајпциг..

Барселона првично успеа да го регистрира Олмо за првиот дел од сезоната користејќи го фактот дека Андреас Кристенсен се повреди, но Данецот се враќа во тимот, па мора да се регулира договорната ситуација на Олмо.

Текстот „Марка“: Крај на „шпанската серија“, Барселона ќе го регистрира Олмо е превземен од МАКФАКС.