Новак Ѓоковиќ за брзо време ќе ја дознае одлуката за тоа дали ќе може да остане во Австралија или пак ќе биде депортиран назад во Србија, сценарио кое дефинитивно ќе биде најлошо за првиот светски рекет кој допатува во Мелбурн со цел да ја одбрани титулата на првиот календарски грен слем.

Спортската, па и пошироката јавност во изминативе денови многу зборува на оваа тема, многу работи беа кажани, но дефинитивно целата слика е лоша и тоа го потенциграше и еден од најквалитетните асови во последните 10-15 години, Енди Мари.

-Мислам дека сите се шокирани од ова. Сега ќе кажам две работи за тоа. Првата работа е дека се надевам дека Новак е добро. Добро го познавам и секогаш сум имал добри односи со него и се надевам дека е добро.

-Втората работа: навистина воопшто не е добро за тенисот и мислам дека не е добро за некој што е вклучен. Мислам дека е навистина лошо, -истакна Енди кој ќе игра на Австралија Опен, турнир кој започнува на 17 јануари.