Во недамнешното интервју за подкастот Happy Sad Confused, актерката Маргарет Квали откри дека ѝ била потребна една година кожата да и’ се опорави од иритацијата предизвикана од протезите на лицето користени за време на снимањето на филмот „Супстанција“. Состојбата била толку лоша што режисерката Корали Фаргеат морала да избегне да го покаже нејзиното лице во некои кадри.

„На самиот почеток во првите сцени,  моето лице беше уништено“, рече Квали.

„Едноставно повеќе не можеа да го снимаат моето лице“.

Проблемите со акните предизвикани од протетиката продолжиле и по завршувањето на снимањето на филмот. Таа поминала низ овие тешкотии додека работеше на нејзиниот следен филм, Kinds of Kindness, каде играше четири лика – Вивијан, Марта, Ребека и Рут. Сепак, се покажа дека тоа е, барем делумно, предност за една од улогите во драмата на режисерот Јоргос Лантимос.

„Го знаете ликот кој има многу акни? Па, тоа ми беа акните од протетика“, се пошегува ќерката на актерката Енди Мекдауел.

„Помислив: „Ова е совршено. Глумам многу различни ликови, а за еден од нив ќе ги искористиме моите луди протетски акни“.

„Веројатно ми требаше една година физички да се опоравам од сето тоа“.

„Супстанција“ стана најголемото изненадување на овогодинешната сезона на филмски награди. Деми Мур го освои својот прв Златен глобус оваа година за нејзината главна улога во филмот, кој ја следи телевизиската ѕвезда која се бори додека користи мистериозна „чудотворна“ дрога за да создаде помлада и комерцијално попривлечна верзија од себе.

Текстот Маргарет Квали: Ми требаше една година за лицето да ми заздрави од маската во филмот „Супстанција“ е превземен од МАКФАКС.