Шпекулациите од минатта недела, доцна вечерва добија потврда, Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија го отпушти селекторот Роберто Манчини.
Европскиот првак со Италија во 2021 година на клупата на Саудијците се задржа нешто повеќе од една година.
Манчини ја предводеше Саудиска Арабија на 18 натпревари, забележа само седум победи.
Отказот е резултата на лошиот однос што го имаше Манчини кон фудбалерите и медиумите и на лошите игри во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Допрва ќе биде објавено колкава сума ќе му биде испклатена на Манчини за предвремениот раскин на договорот. Тој имаше годишна плата од 30.000.000 евра и договор до 2027 година.
Текстот Манчини повеќе не е селектор на Саудиска Арабија е превземен од МАКФАКС.