Италијанскиот селектор Роберто Манчини го критикуваше форматот на Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Канада, Мексико и САД.

Advertisements

За прв пат во историјата на СП 2026 ќе учествуваат 48 репрезентации кои ќе бидат поделени во 12 групи со по четири репрезентации.

Пласман во нокаут фазата на Светското првенство ќе изборат по две најдобри селекции од секоја група и осумте најдобри третопласирани репрезентации.

„Не ми се допаѓа новиот формат на Мундијалот. Верувам дека треба да играме помалку натпревари, а не повеќе. Играчите немаат одмор и на натпреварите ќе доаѓаат уморни“, изјави Манчини.

На следното Светско првенство во 2026 година ќе се одиграат вкупно 104 натпревари./Makfax

Прикажи повеќе