Манчестер јунајтед е заинтересиран за данскиот интернационалец Андреас Кристенсен од Барселона, тврдат шпанските медиуми.
Одбраната е можеби најслабата точка на „црвените ѓаволи“ кои моментно се 14. на табелата во Премиер лигата и имаат негативна гол-разлика 21:24.
Поради тоа, клубот во јануари ќе се обиде да ја засили одбраната со искусениот дефанзивец кој сезонава поради проблемите со повредите одигра само еден натпревар за Барселона.
Кристенсен пристигна во Барселона како слободен играч во 2022 година, а во првите две сезони главно беше стандарден под водство на тренерот Чави.
Данецот има големо искуство во англискиот фудбал, пет години играше за Челзи и учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите.
Сериозен интерес за Кирстенсен покажа и Јувентус.
Текстот Манчестер јунајтед ќе испрати понуда за Кристенсен е превземен од МАКФАКС.