Шок терапијата во Манчестер јунајтед не го донесе посакуваниот резултат. По три месеци јасно е дека Рубен Аморим не успеа да ги разбрда „црвените ѓаволи“.
Резултатите го покажуваат тоа, а критиките кои Португалецот ги добива од клупските легенди се оправдани.
Факт е дека дури и Тен Хег има подобри резултати од него, а Манчестер јунајтед во моментов е клуб кој е далеку поблиску до последнопласираниот клуб отколку до оној на врвот.
Ппоразот од Тотенхем, во неделата беше осми за Аморим и Јунајтед на последните 12 натпревари.
Доколку продолжи со ова темпо, Аморим би можел да го собори негативниот рекорд поставен минатата сезона од Ерик тен Хаг, кога е во прашање бројот на бодови на крајот од сезоната.
Звучи неверојатно што во првите 14 натпревари како тренер, Аморим е убедливо најлошиот во ерата по Алекс Фергусон.
Ова е списокот на седумте менаџери и нивниот учинок на првите 14 натпревари на клупата на славниот клуб.
1. Оел Гунар Солскјер 35 поени
2. Ралф Рагник 26
3. Ерик Тен Хаг 26
4. Луј Ван Гал 25
5. Дејвид Мојес 22
6. Жозе Мурињо 21
7. Рубен Аморим 14
Текстот Манчестер јунајтед немал полош тренер од Аморим во ерата по Алекс Фергусон е превземен од МАКФАКС.