Пеп Гвардиола, во јануари ја започна реконструкцијата на Манчестер сити. Донесе четворица нови играчи, а во летниот преоден рок се очекуваа уште неколку нови играчи и нов голман.
„Футмеркато“, тврди дека Гвардиола нашол замена за Едерсон и дека тоа е голманот на Порто, Диого Коста. Се додава дека преговорите се веќе започнати.
Коста има откупна клаузула во договорот со Порто за сума од 75.000.000 евра.
Португалецот ги мина сите младински категории на Порто, а за сениорскиот тим има одиграно 188 натпревари, 79 пати успеал да остане несовладан. Со Порто двапати ја освои титулата во националниот шампионат.
Текстот Манчестер сити во преговори за голманот Диого Коста е превземен од МАКФАКС.