Лидс буквално денеска беше понижен на Етихад откако загуби со 7-0 од Манчестер Сити.
Дека ќе имаат непријатна вечер беше најавено уште во осмата минута од мечот кога Фоден постигна гол и го отвори резултатот.
Само пет минути подоцна Грилиш со глава реализираше за 2-0, а во 32. минута победи и Де Брујне за 3-0.
Голеадата продолжи по четири минути игра во вториот дел кога Махрез зголеми на 4-0.
Во 62. минута Де Брујне го постигна својот втор гол на мечот за 5-0, а потоа на сцена стапија дефанзивците.
Најпрво Стоунс во 74. минута зголеми на 6-0, а четири минути потоа Аке стави точка на мечот за конечни 7-0.