Италијанскиот бенд Манескин го освои целиот свет кога победи на Евровизија во 2021 година со песната „Zitti e buoni“, која сите ја обожаваа. Членовите на бендот ја искористија популарноста што ја стекнаа со триумфот на музичкото натпреварување и продолжија да работат со полна пареа, снимајќи нови песни, спотови и патувајќи низ светот, но има работи кои многумина не ги знаат за овој млад бенд.
Бендот Манескин го сочинуваат басистката Викторија Де Анџелис, гитаристот Томас Раџи, тапанарот Итан Торкио и фронтменот Дамијано Дејвид, кој ги полуде жените ширум светот. Малкумина знаат дека овие четворица млади се собрале кога биле средношколци и дека почнале да снимаат кавери на познати песни, како и да пеат по улиците на Рим и на тој начин да заработуваат свој џепарлак.
Викторија и Дамијано формираа бенд, а брзо им се придружи Томас, кој беше пријател басист од средното музичко училиште. Најинтересно е што Итан дошол во бендот преку Фејсбук, кога се пријавил на оглас објавен од тогашните членови на бендот. Сите што ги слушнаа предвидуваа блескава кариера и не погрешија во тие предвидувања.
Тие мораа брзо да смислат име за бендот, па дојдоа до идеја тоа да биде дански збор, бидејќи Викторија има дански корени и течно го зборува јазикот. Се договорија тоа да биде Манескин, што на дански значи месечева светлина.
Тогаш започнува нивното заедничко патување, а во последните години нивните успеси само се редат. Тие најпрво ја освоија италијанската публика со учеството во натпреварувачката шоу програма „Икс фактор“, каде што беа фаворити од самиот почеток. Со своите оригинални настапи привлекоа големо внимание, бидејќи пејачот Дамијано Дејвид секој пат се појавуваше во различно издание. Високи потпетици, мрежести чорапи, танцување околу шипка и тесни кожени панталони беа составен дел од неговиот имиџ на сцената на ова натпреварување. Не победија, но го освоија второто место и ја отворија вратата на славата.
Минатата година беше дефинитивно најсреќната и најуспешната година за Манескин, бидејќи победија на фестивалот во Сан Ремо, но и на Евровизија во Ротердам. Нивните песни со недели беа први на музичките топ листи во речиси сите европски градови, но и пошироко.
Нивните најпознати песни снимени пред овој триумф се „Chosen“, „Moriro de re“ и „Torna a casa“, кои за само неколку недели достигнаа 100 милиони прегледи на YouTube. По Евровизија продолжија да работат со полна брзина, па снимија песна на англиски „I wanna be your slave“, која беше многу популарна во Америка. Последната песна на Манескин беше објавена пред четири месеци и се вика „Mammamia“.
Интересно е што Дамијано, Викторија, Томас и Итан снимија кавер на песната „Beggin“, оригинално изведена од групата The four season, и со таа кавер стекнаа голема популарност. Песната стана вирална на сите социјални мрежи.
Минатото лето Манескин имаше промотивна турнеја во чии рамки настапија на многу европски фестивали. Оваа година планираат да ја одржат својата најголема турнеја досега, но таа е откажана поради епидемиолошки мерки. Наскоро треба да бидат објавени нови датуми, а во рамките на оваа турнеја италијанскиот бенд треба да настапи и во Белград.