Премиерот на Малта, Роберт Абела, денеска најави дека Малта ќе ја признае државата Палестина следниот месец.

Соопштението дојде за време на политички настан на кој Абела ги покрена локалните и глобалните прашања, со посебен фокус на хуманитарната криза во Газа, пренесува „Малта тудеј“.

„Не можеме да ги затвориме очите пред оваа човечка трагедија која секој ден се влошува“, весникот го цитираше малтешкиот премиер Абела осврнувајќи се на израелското бомбардирање на Газа, во кое загинаа речиси 54.000 Палестинци.

Абела рече дека овој потег е морална одговорност и дека Палестина ќе биде признаена по конференцијата на 20 јуни.

 

Текстот Малта ќе ја признае Палестина следниот месец е превземен од МАКФАКС.