Полицијата во средата вечерта привела 17-годишник во Елмшорн, под сомнение дека планирал да изврши терористички напад за време на божиќниот базар и да убие луѓе со камион.

Медиумите јавуваат дека станувало збор за тинејџер со германско-турско потекло. Полицијата ги проследила неговите комуникации и констатирала вознемирувачки информации, по што бил лоциран и уапсен.

Според информациите на Билд, се смета дека зад малолетникот стојат исламисти.

Предупредување дека може да има напад дојде до германските разузнавачи од американски колеги.

„Можеме да потврдиме дека водиме истрага, а поради сомнение дека уапсениот планирал да изврши кривично дело, со цел да предизвика смрт на поголем број лица“, соопштило обвинителството.

Текстот Малолетник планирал да направи масакр на Божик во Германија е превземен од МАКФАКС.