Европската Агенција за лекови (EMA) го продолжи рокот на употреба на вакцината Comirnaty од шест на девет месеци.
Согласно, извршената промена, носителот на одобрение Pfizer SRB d.o.o поднесе документација за одобрување на варијацијата и во Македонија и истата е одобрена на 20.10.2021 година од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства. На 29.11.2021 година, Комисијата за безбедност и огласување при МАЛМЕД, на седница го одобри Писмото за здравствени работници за продолжување на рокот на употреба на вакцината Comirnaty. Истото е дистрибуирано до здравствените работници на вакциналинте тимови, информираа денеска од МАЛМЕД.
Оттаму додаваат дека збирниот извештај за особините на лекот и Упатството за употреба следствено се ажурирани и во нив е наведен новиот рок на употреба на замрзнатите вијали, кој е продолжен од шест на девет месеци. Условите за чување остануваат непроменети, на температура од -90 °C до -60 °C.
Во рамки на рокот на употреба од девет месеци неотворените вијали може да се чуваат и транспортираат на температура од -25 °C до -15 °C еднократен период од најмногу две недели и може да се вратат на температура од -90 °C до -60 °C .
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.