Минатата недела беше најавена новата сезона во Формула 1, 75 по ред, со спектакл во „О2“ арената во Лондон, а неколку дена подоцна Формула 1 реагираше на начинот на кој беа пречекани светскиот шампион Макс Ферстапен и шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер. Наводно, Ферстапен се заканил дека ќе ги бојкотира идните настани во Англија.

Ферстапен и Хорнер беа пречекани со свирежи во арената во Лондон, а медиумите тврдат дека Холанѓанецот бил особено бесен поради тоа.

„Нема да ме видат повеќе овде доколку ова се повтори. Јас се согласувам со него“, изјави таткото на Ферстапен за „Рејс експрес“.

„Доаѓаш да го промовираш спортот, а тие те пречекуваат со свирежи. Мислам дека тоа е неприфатливо. Разбирам дека Макс е единствениот кој врши притисок врз англиските возачи, кој кажува што мисли и се однесува во согласност со тоа што е, но мислам дека ова е неприфатливо и разочарувачки“, додаде тој. :

„Она што го краси спортот на сите нивоа е култура на почит. Беше многу разочарувачки да се слушне реакцијата на публиката кон светскиот шампион Макс Ферстапен и првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер. Макс и Кристијан придонесоа неизмерно за спортот што го сакаме. Не треба да гледаме вакви работи кога ќе започне сезоната“.

Сезоната започнува на 14. март викендот за Големата награда на Австралија.

Текстот Макс бил лут дека во Лондон го пречекале со свирежи, бара подобар третман е превземен од МАКФАКС.