
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе ги претстави приоритетите на француското шестмесечно претседавање со Советот на Европската унија (ЕУ), кое започнува на 1 јануари. Тоа претседателство ќе биде специфично за Франција, бидејќи ќе се совпадне со претседателските избори кои ќе се одржат на 10 и 24 април и парламентарните избори во јуни. Целите на Макрон се „да го зајакне европскиот суверенитет“, особено преку воена автономија, да ја унапреди борбата против климатските промени, како и односите со Африка, пишуваат француските медиуми.