Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги со специјален воз денеска заминале за Киев, објавија утринава германските и италијанските медиуми, објавувајќи фотографија од Макрон, Шолц и Драги. Макрон претходно ги посети Романија и Молдавија. Тој изрази поостра линија кон Русија и рече дека Европа треба да испрати силен сигнал до Украина додека се обидува да ја смири загриженоста во Киев и меѓу некои европски сојузници во врска со неговиот претходен став кон Москва.
Advertisements